Map Graph

Свети Спас (Свети Николе)

археолошко наоѓалиште во Македонија

Свети Спас — археолошко наоѓалиште во Свети Николе Претставува некропола од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 500 м од центарот на градот во јужен правец и во близината на наоѓалиштето Рудина. Претставува терасеста височинка на која, со градежните работи за локалниот ТВ-репетитор бил откриен и отворен гроб – тип циста, од монолитни плочи од песочник и со димензии од 1,87 × 0,78 × 0,81 м. Покојникот бил положен на плеќи врз исто таква монолитна плоча. Најдени се две монети, едната на Диоклецијан а другата на Константин. Може да се претпостави дека во оваа некропола биле погребувани жителите од населбата на местото Рудина. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Св. Николе

Read article